БМВ уште во март објави дека ќе презентира концептуален иX3 на саемот за автомобили во Пекинг. Саемот „Auto China 2018“ ќе започне на 25-ти април. Моделот со кој ќе нè импресионира БМВ е првиот електричен СУВ на брендот и неговиот прв електричен модел од 2013 година, кога беше претставен и3.
Кратко пред промоцијата на концептот, БМВ објави клип на Твитер кој дава претстава за изгледот на моделот. Нема многу да се види од него, освен дека ќе се задржат традиционалните решетки однапред.
Се уште нема многу детали, па затоа очекуваме неговото официјално деби да привлече големо внимание. Она што го знаеме е дека тоа ќе биде електричната верзија на популарниот X3.
Компанијата неодамна ги објави своите намери дека има десетици електрични модели во својата производна линија, вклучувајќи купе и луксузен автомобил. Планот мора да биде завршен пред 2025 година, според претставниците на БМВ.
Поддржувајќи ја идејата, БМВ работи на производство на батерии и има заеднички проект со други компании за изградба на мрежа на станици за полнење низ цела Европа.