„БМВ“ го пензионира моделот „Z4“, во 2017 пристигнува моделот „Z5“

Од:

Седум години по лансирањето, германскиот производител на автомобили „БМВ“ во пензија ја испрати актуелната, втора генерација на својот роудстер „Z4“, дознава сајтот Bimmertoday.

Производството на „Z4“ во компанијата „БМВ“ заврши на 22 август, а од 2009 година од фабричките ленти во погонот во Регенсбург се симнаа повеќе од 115.000 вакви автомобили.

Последниот направен примерок беше „Z4 sDrive35is“, во портокаловата металик боја „Валенција“.
Иако „Z4“ никогаш не доби своја спортска „М“ верзија, варијантата со посилни мотори донекаде го надоместуваше овој „недостаток“. Споменатиот модел „ sDrive35is“ беше придвижен од шестцилиндарски 3.0 твин-турбо бензинец што развива 340 кс (250 кW) и 450 Нм.

Моторот беше поврзан со седумстепен автоматски менувач со двоен кумплунг, а од 0 до 100 километри на час забрзуваше за помалку од пет секунди.

Бидејќи ривалите „Мерцедес СЛЦ“ (поранешниот СЛК) и „Порше Бокстер“ неодамна добија унапредени верзии, „БМВ“ се потруди да го одржи чекорот со конкуренцијата. Наследникот на моделот „Z4“, што сега ја носи неофицијалната ознака „Z5“, треба да биде претставен во 2017 година.

Баварците новиот модел го развиваат во соработка со „Тојота“, а предвидено е производството да почне во 2018 година во фабриката „Магна Стер“ во Грац.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ