БМВ Серија 2 Актив Туриер претставува новост на германската компанија во премиум компакт класата што ги обединува функционалноста и удобноста со типична БМВ динамика, стил и елеганција.
Новите турбомотори со три и четири цилиндри, пакетот БМВ ЕфишнДинамикс, разни функции за навигација како КонектДрајв, старт енд стоп систем и погон на предниот погон гарантираат удобно, но и спортско управување.
Меѓуоскиното растојание од 2.670 милиметри и восоката покривна линија создаваат просторна внатрешност и многу корисни прегради што даваат голема флексибилност.
Ентериерот делува едноставно, но богато. Како опција во понуда е и панорамски стаклен покрив. Во понудата се три силни и ефикасни моторисо БМВ ТвинПауер Турбо технологија и Еуро 6 норми.
Основниот трицилиндерски мотор во 218и АктивТуриер нуди потрошувачка од 5,2 до 4,9 литри на 100 километри комбинирано возење, а доаѓа со шестстепени рачен менувач. Топ модел е 225и Актив Туриер со 231 коњска сила и осумстепен стептроник менувач.