Блокотехна со трета победа во БИБЛ

Од:

Екипата на Блокотехна ја оствари третата победа сезонава во регионалната БИБЛ лига, откако на домашен терен во Гевгелија го совлада гостинскиот тим на Башкими со убедливи 96-70.

Кошаркарите на Марјан Илиевски покажаа одлична игра уште од стартот, а по крајот на пррвата четвртина веќе водеа со +13 (31-18) за на полувреме да заминат со уште поголема разлика (54-38). Во третиот период се дојде до позитива од 29 поени (79-50) а потоа мечот само се доигруваше.

Гаидис со 21 и Главчев и Мијатовиќ со по 20 поени беа најефикасни за домашниот тим, додека кај гостите од Косово, Капс заврши со 31 поен.

По победата Блокотехна се искачи на четвртото место на табелата со 3 победи од 3 натпревари, а на чело останува Берое со 5-0.

Следниот дуел за гевгеличани во регионалното натпреварување е на 3 јануари следната година против Академик Бултекс во Бугарија.вз

Фото: Башкими КК

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он