Блаженко Лацковиќ потпиша за Вардар

Од:

Македонскиот ракометниот првак Вардар, потпиша тригодишен договор со Хрватот Блаженко Лацковиќ со важност од сезоната 2014/2015.

Левиот бек на Хамбург доаѓа во Македонија по десет сезони минати во Бундес лигата каде настапуваше за тимовите на Фленсбург и на Хамбург, а сега го засилува Вардар кој што со неговиот ангажман добива искусен играч, во напад и одбрана.

Искуството на 33-годишниот Лацковиќ се гледа по деветте медали што ги има освоено со репрезентацијата на Хрватска, и четирите шампионски титули во домашните првенства на Хрватска (трипати со Загреб) и Германија (Хамбург), како и европската титула, лани со Хамбург во Лигата на шампионите.

Тој требаше да настапи и на последното ЕП во Данска, во јануари 2014 година, но поради повреда мораше да остане дома.

– Целта на Вардар е во своите редови да има искусни, проверени и квалитетни играчи, а токму Лацковиќ е еден од нив. Со неговото ангажирање, екипата добива уште еден врвен професионалец кој игра на позицијата лев бек, со подеднакви квалитети во нападот и одбраната. Среќни сме што и Блаженко Лацковиќ во Вардар препозна сериозен и квалитетен клуб, со амбиција да биде секогаш во врвот.

– Со неговото доаѓање во Вардар, ги потврдуваме и нашите амбиции за создавање на силна, конкурентна и пред се хомогена екипа која ќе може да се спротивстави на секој ривал. Се надеваме дека ова ќе биде почеток на една успешна соработка на Блаженко Лацковиќ и Вардар која ќе трае и ќе биде исполнета со успеси, вели Давор Стојаноски, директорот на Вардар.

Трофејниот хрватски репрезентативец пред да оди во Бундес лигата играше за Вартекс, Метковиќ Јамбо и Загреб.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он