Блатер повика на смена на Инфантино

Од:

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер повика на смена на неговиот наследник, Џани Инфантино, на чело на Меѓународниот фудбалски штаб, откако беа поведени кривични постапки против Италијанецот во Швајцарија.

Локалните власти соопштија во четвртокот дека е покрената истрага против сегашниот претседател на ФИФА од страна на специјален обвинител што ги испитува неговите состаноци со швајцарскиот федерален обвинител Мајкл Лаубер. И двајцата негираа злоупотреба.

– За мене ситуацијата е јасна – етичката комисија на ФИФА мора да отвори случај против г-дин Инфантино и потоа да го казни, рече Блатер.

Самиот тој беше санкциониран со суспендирање на неговиот статус, а подоцна и со забрана од страна на Комисијата за етика на ФИФА, откако беше предмет на кривична постапка во Швајцарија во 2015 година.

Истрагата се уште трае и Блатер, кој негираше злоупотреба, не е обвинет.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ