Претседателот на ФИФА во заминување Сеп Блатер, доби ултиматум од големите спонзори на федерацијата да ја напушти функцијата веднаш, но го отфрли.
Кока Кола прва побара Блатер по итна постапка да си замине, а веднаш се приклучија и Мекдоналдс, Виса и Бадвајзер.
Адвокатскиот тим на Блатер со соопштение изјави дека тоа нема да ги забрза реформите во ФИФА кои се во тек.
-Додека Кока Кола е вреден спонзор на ФИФА, господинот Блатер со сета почит, не се согласува со нејзините ставови и верува дека неговото итно заминување од фунцијата не е во интерес на ФИФА, ниту пак тоа ќе ги убрза започнатите реформи и заради тоа одбива брзо напуштање на функцијата, стои во соопштението.
Швајцарскиот суд минатата недела покрена обвинение против Блатер поради криминални дејствија, злоупотреба на службена должност, но Швајцарецот изјави дека ќе остане на чело на ФИФА и покрај постапката.