Блатер најави помош за репрезентцијата на Палестина

Од:

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација – ФИФА вети помош за репрезентацијата на Палестина.

Блатер е во втора посета на Западниот брег со цел подобрување на состојбите и условите во кои се наоѓа палестинскиот фудбал.

Првиот човек на ФИФА од претседателот на Палестинскиот фудбалски сојуз Џибрил Раџаб детално бил запознаен со проблемите на палестинските фудбалери.

– Репрезентативците на Палестина често пати не се во можност да ги одиграат своите натпревари поради ограничените патувања меѓу Западниот брег и Газа. Овие ограничувања буквално во ропство го држат палестинскиот спорт, му се пожалил на Блатер претседателот Раџаб.

Блатер ветил дека ќе направи се што е во негова моќ да се реши овој проблем во насока на развој на фудбалот во Палестина.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи