Блатер и Платини криви, но казните намалени на шест година

Од:

Апелациониот комитет на ФИФА го отфрли жалбите на поранешните челници на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини, но им ги намали казните за вмешаност во случајот на „нелојална исплата“ на финансиски средства.
Првичните осумгодишни суспензии за работа во фудбалот, Апелациониот комитет на ФИФА на двајцата високи функционери им ги намали на шест години.

Челниците на двете најголеми фудбалски организации, кон крајот на минатата година беа суспендирани поради „нелојална исплата“ од два милиони долари. Оваа сума на пари 79-годишниот Блатер, во 2011 година, му ја исплатил на Платини за консултаски работи извршени во периодот од 1998 до 2002 година.

ФИФА, во своето соопштение наведува дека активностите во фудбалот, кои Блатер и Платини ги имале во изминатите години, заслужиле соодветно признание и дека тоа е олеснителна околност во овој случај.

Блатер и Платини ја негираа вината, а поранешниот прв човек на ФИФА најави дека ќе ја обжали одлуката на Меѓународниот судот во Лозана, а истото се очекува да го стори и Платини.
-Разочаран сум од оваа одлука и сигурно ќе се жалам на Судот во Лозана, изјавил Блатер, а пренесува англиската телевизиска станица Би-Би-Ци.

Инаку, изборите на кои ќе се бира наследникот на Сеп Блатер на чело на ФИФА, ќе се одржат в петок во Швајцарија.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ