Блат: Дончиќ требаше да биде бр.1 на Драфтот

Од:

Тренерот на Олимпијакос, Дејвид Блат е убеден дека Лука Дончиќ заслужувал да биде избран под бр.1 во овогодинешниот Драфт на НБА.

– Најголемиот пропуст на Драфтот. Според мое мислење. Тој мораше да биде бр.1. Тоа е она што јас го мислам. Во многу случаи, сепак, тимовите се фокусираат на потенцијалот или позицијата. Но од гледна точка на кој е најподготвен за НБА во целиот Драфт … Немаше подобар играч од Лука. Без сомнение, смета Блат.

Израелскиот тренер, кој е роден во Бостон, ја познава совршено играта на словенечката сензација, бидејќи го гледал и се соочувал против него во Евролигата. Неговото искуство во американската кошарка е исто така солидно, откако тој поминува сезона и половина во Кливленд, каде што работеше со Леброн Џејмс.

Тој додаде дека Словенецот е неверојатен талент и дека ќе има одлична кариера во НБА.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот