На почетокот на претходниот трансфер период, корејскиот интернационалец Ким Мин-Џеј преку задната врата дојде во Наполи како замена за столбот на одбраната, Кулибали, кој замина во Челзи.
Сите се сомневаа во овој потег на Наполи, но како одминуваше сезоната сите се повеќе беа убедуени дека ова е полн погодок од раководството на Наполи.
Низ оваа сезона Ким прерасна во нов столб на одбраната, толку добар што сите заборавија на Кулибали.
Тој дојде за само 18 милиони, а сега неговата цена скокна на 60 милиони долари.
Секако, неговата игра не останаа незабележана од големите тимови во Европа, а најголем интерес покажува Баерн Минхен.
Како ѓто пренесуваат спортските медиуми, Баерн веќе се договорил за се со Кореецот, ниту Наполи нема да прави големи пречки, но Баерн го одолговлекува овој трансфер поради една причина.
Ким е Кореец и се уште не ја отслужил задолжителната воена служба во неговата земја. Има големи шанси тој да биде повикан летово, па Германците не сакаат да ризикуваат.
Сите чекаат да се реши состојбата со воениот рок за да започне реализацијата на овој голем трансфер.