Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Од:

Извршниот директор на Формула 1 тимот Ферари, Матија Биното, изјави дека ниту Шарл Леклер ниту Карлос Саинц нема да добијат приоритет на почетокот на сезоната 2022 година.

– Многу пати кажавме дека тоа ќе се решава на патеката. Тимот секогаш е на прво место. Ако возачите се борат за важна позиција во шампионатот, на патеката ќе стане јасно кој е подобра. Тука не одлучуваат само талентот или способноста на пилотот. Има и други фактори: лоша среќа, дефекти, проблеми со проценка во даден момент, несреќи, исто така, може да го попречат балансот на силите. Така што засега нема потреба да се определува кој ќе биде прв, а кој втор возач во тимот. Кога ќе дојде време, ќе разговараме за ова прашање во зависност од резултатите на патеката, изјави Бинот5о.

Ферари имаа амбиции во новата сезона да се вмеша во трката за шампионскиот трофеј конкурирајќи им на Мерцедес и на Ред Бул.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур