Без промени во ТОП 10 на АТП листата

Од:

Вообичаено понеделник е ден кога се објавува најновата тениска ранг листа, а на денешната нема промени меѓу водечките десет.

И натаму водечки тенисер во светот е Шпанецот Рафаел Надал, пред Новак Ѓоковиќ од Србија.

Иако Надал настапи во финалето на турнирот во Барселона каде беше поразен од Нишикори, а Ѓоковиќ минатата седмица паузираше поради повреда, сега разликата меѓу двајцата водечки тенисери изнесува само 1.860 поени.

По нив следуваат Швајцарците, Станислас Вавринка и Рожер Федерер, а нема промени ниту во редоследот од петтото до десеттото месо: Давид Ферер (Шпанија), Томаш Бердих (Чешка), Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина), Енди Мареј (В. Британија), Милош Раониќ (Канада) и Џон Изнер (САД).

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ