Без изненадување на стартот на Европското првенство за одбојкарки

Од:

На Европскиот одбојкарски шампионат во женска конкуренција што се одржува во Баку, Азербејџан и Тбилиси, Грузија одиграни се натпреварите од првото коло. Првата рунда мина без изненадувања.

Домаќин на репрезентациите кои играат во А и Д групите е Баку, каде ќе се игра завршницата на шампионатот, додека во Тбилиси се играат средбите од останатите две групи.

Комплетни резултати од 1.коло:
А група: Унгарија – Азербејџан 0-3 и Полска – Германија 3-2.
Б група: Италија – Грузија 3-0 и Белорусија – Хрватска 3-2.
Ц група: Русија – Украина 3-2, дуелот Бугарија – Турција ќе се игра утре.
Д група: Србија – Чешка 3-0 и Холандија – Белгија 3-1.

Денеска продолжуваат натпревраите со дуелите од 2.коло.

Првопласираните репрезентации од групите директно ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, додека второ и трето рангираните ќе разигруваат во осминафиналната рунда.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ