Без изненадувањa во ЛШ, Манчестер сити и Реал одат во четвртфиналето

Од:

Екипите на Манчестер сити и на Реал Мадрид вечерва со победи го заверија влезот во четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), приклучувајќи им се на ПСЖ, Порто, Борусија Дортмунд и Ливерпул, кои веќе обезбедија пласман меѓу осумте најдобри во елитното европско клупско натпреварување.

По триумфот од 2:0 пред три недели на „Пушкаш арена“ во Будимпешта, фудбалерите на Манчестер сити вечерва со ист резултат на истиот стадион по втор пат ја совладаа Борусија Менхенгладбах, со головите на Кевин Де Брујн (12 минута) и Илкај Гундоган (18).

Победнички печат на пласманот во четвртфиналето стави и Реал Мадрид со триумфот на домашен терен над Аталанта од 3:1, откако шпанскиот првак славеше и на првиот натпревар со 1:0.

Стрелци за „кралскиот клуб“ на реваншот во Мадрид беа Карим Бензема (34), Серхио Рамос (59 од пенал) и Марко Асенсио (85) додека почесниот гол за италијанскиот тим беше дело на Луис Муриел (83).

Преостанатите две четвртфинални места во ЛШ ќе бидат пополнети по утрешните реванш дуели Баерн Минхен – Лацио (4:1) и Челзи – Атлетико Мадрид (1:0).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он