За квалификацискиот натпревар за сениорското женско Европско првенство 2014 година, меѓу репрезентациите на Македонија и на Германија, што треба да се игра утре (11 јуни), Ракометната федерација на Македонија реши влезот во салата да биде слободен.
Натпреварот треба да се игра во СРЦ Кале во Скопје со почеток од 17 часот и 45 минути.
Иако репрезентацијата на Германија е фаворит пред овој дуел, Македонките се надеваат дека ќе можат да пружат силен отпор и да изненадат со поситивен резултат.
Двете репрезентации имаат одиграно по два натпревари досега во квалификациите, а Германија има и една победа, онаа над Русија.
Македонија двапати беше поразена од Русија.
На ЕП кое ќе се одржи во декември ќе се пласираат двете најдобри репрезентации од групата.