Беше прв пик на НБА драфтот сега игра во Тајван

Од:

Канадскиот крилен центар Ентони Бенет е нов играч на тајванскиот прволигаш Хсинчу Лајонерс, потврдија од клубот. На овој начин продолжува професионалното патување на 29-годишникот од Торонто кое започна со првиот пик на НБА драфтот во 2013 година.

Бенет (29) генерално се смета за најлошиот прв пик во историјата на НБА – пред девет години Кливленд Кавалирс го избраа од таа позиција. Се предвидуваше да биде избран околу осмото или деветтото место. За споредба на истиот драфт Јанис Адетокумбо беше избран како 15. пик.

По една сезона во тимот од Охајо, стана јасно дека Бенет не е висока класа, подоцна секоја наредна „станица“ во неговата кариера беше „чекор надолу“.

Играше за Минесота Тимбервулфс, Торонто Репторс (и нивниот тим в развојната лига развојна лига Репторс 905), Бруклин Нетс (и Лонг Ајленд Нетс), Фенербахче, Северна Аризона Санс, Мејн Ред Клоус, Агуа Калиенте Клиперс (исто така развојна Џи лига), Хапоел од Ерусалим и тајванскиот Каосиунг Стилерс.

Со Фенер ја освои Евролигата во 2017 година, но неговата улога во тимот на Жељко Обрадовиќ беше симболична.

Се чини дека во Тајван го најде соодветното ниво на конкуренција за да забележи добри партии – во претходната сезона во оваа лига во дресот на Каосиунг имаше просек од 25 поени и 14 скока по натпревар.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on