Беше голем талент и одби да игра за Македонија, па од Порто дојде до Будуќност

Од:

Беше голем талент и пред неколку години одби да игра за сениорската репрезентација на Македонија, кога направи трансфер во Порто. Марко Павловски, момчето кое има македонски корени, беше капитен на младинската репрезентација на Србија, која во 2013 година стана европски првак во Литванија.

Но, тој веројатно донесе неколку погрешни одлуки и неговата кариера не се одвиваше според очекувањата. Сега тој е нов член на црногорскиот прволигаш Будуќност.

„Првите впечатоци се одлични, пред моето доаѓање стапив во контакт со поранешните соиграчи, пред се со Петер Грбиќ, кој ми кажа се најдобро за клубот. Секако, знам дека Будуќност е најголемиот клуб во државата, дека има високи цели и тоа беше една од клучните причини зошто решив да дојдам во Будуќност. Сакам да остварам и лични и клупски цели со моите игри и залагања на теренот“, изјави Павловски при промоцијата.

Павловски израсна во ОФК Београд и важеше за еден од најголемите таленти, а потоа се пресели во Порто. Но, кариерата му тргна надолу, па промени бројни клубови, играјќи за Мускрон, Сплит, Вождовац, Варзим, Динамо Минск, Ритериаи и за Судува.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он