Берово домаќин на првиот меѓународен турнир во пинг понг „Зегин опен 2022“

Од:

Во организација на пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово, Пингпонгарската Федерација на Македонија и компанијата „Зегин“ на 17 и 18 Септември, во салата „Македонски Бранители“, за прв пат ќе се одржи меѓународниот турнир во пинг поног „Зегин Опен 2022“.

На турнирот ќе земат учество 100тина играчи од Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Косово, а ќе се натпреваруваат во четири категории, Сениори, Сениорки, Јуниори и Јуниорки.

Сите натпревари ќе бидат организирани во две нивоа на натпреварување, и тоа: Квалификации по групи и систем на елиминација.Прво и второпласираните натпреварувачи од групите се пласираат по систем на еднократна елиминација, додека сите натпревари се играат во систем подобар од 5 сетови, полуфинале и финале се играат во систем подобар од 7 сетови.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 5000 евра, а за сите натпревари истакнаа организаторите ќе бидат ангажирани сертифицирани судии.

Со ова се докажува дека Берово и нашиот беровски пингпонгарски клуб „Зегин“ кој е најбрзорастечки клуб во Македонија, полека го зазема приматот на град на пинг-понгот.

На престојниот меѓународен турнир во пинг-понг, се очекува голем број на посетители, додека натпреварите се играат со почеток од 9 часот.

Би можело да ве интересира

Заврши Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023

Меѓународната пинг-понг федерација ќе сертифицира 12 македонски тренери, ниво 2

Станојковски и Николов ги одбранија титулите Државен првак во пинг понг

Ана Ололовска

Втор меѓународен меморијален турнир Илија Карески

Ана Ололовска

Отворени меѓународните турнири во пинг -понг и голбал за спортисти со телесен инвалидитет и лица со оштетен вид

Ана Ололовска

Одиграни 4 кола од регуларниот есенски дел од пингпонгарската Супер лига – мажи и Прва лига мажи

Ана Ололовска