Белорусите пристигнаа во Србија на квалификацискиот меч, а УЕФА планира да ги исклучи

Од:

Белорусија најверојатно ќе биде исфрлена од сите натпреварувања, пренесуваат светските медиуми. За ова, наводно, ќе се разговара на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА на 4 април.

Многу е можно оваа земја да не учествува ниту во квалификациите за ЕП 2024, кои се веќе започнати, а постои можност да бидат исфрлени од натпреварувањето под капата на УЕФА.

За ова во својот говор зборуваше и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

„Европската фудбалска федерација долго време разговараше за ситуацијата во Белорусија и тоа ќе се случи на следниот Извршен комитет“, рече тој.

Оваа информација се појави само еден ден пред Белорусите да се сретнат со Швајцарците во Нови Сад, каде го играат првиот натпревар од квалификациите за ЕУРО, чиј домаќин во 2024 година ќе биде Германија.

Да потсетиме дека ова барање први го испратија претставници во Европскиот парламент од сите политички партии. Како причина тие ги наведоа блиските односи на земјата со Русија, како и човековите права во таа земја.

Тогаш, Чеферин истакна дека УЕФА „ги следи загрижувачките процеси“, а на Русија и беше забрането учество во сите натпреварувања на УЕФА уште порано поради војната во Украина.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри