Белградските подобри од загрепските екипи во АБА лигата

Од:

Екипи на Партизан и Црвена звезда забележаа победи во дуелите со загрепските тимови, Цедевита и Цибона, во натпреварите со кои беше комплетирано 25. претпоследно коло во регионалната кошаркарска АБА лига.

Во Загреб, составот на Црвена Звезда славеше победа против Цибона со 94:83, додека во Белград, кошаркарите на Партизан ја совладаа Цедевита со 82:61.

Познати се и полуфиналните двојки за плеј-офот. Лидерот на табелата Будуќност за противник во полуфиналето ќе ја има екипата на Мега Лекс, додека во второто полуфинале ќе играат евролигашите Црвена Звезда и Цедевита.

На другите натпреварите од ова коло беа постигнати овие резултати:

МЗТ Скопје Аеродром – Тајфун 77:70,
Металац – Олимпија 74:61,  
Крка – Мега Лекс 74:57,
Игокеа – Задар 77:73 и
Сутјеска – Будуќност 92:91 (по продолжение).

Табела: Будуќност 22-3 (победи-порази), Црвена Звезда 19-6, Цедевита 18-7, Мега Лекс 16-9, Партизан 12-13, Цибона 11-14, Задар 11-14, МЗТ Скопје 10-15, Олимпија 10-15, Крка 10-15, Игокеа 10-15, Металац 10-15, Сутјеска 9-16 и Тајфун 7-18.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он