Бекер: Рекетот за тенисерот е како топката за Меси

Од:

Познатиот германски тенисер Борис Бекер ја истакна важноста на рекетот за спортистот. Според него, тенисер со рекет го потсетува на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси со топка.

– Рекетот е продолжение на раката. Ако сте запознаени со вашиот рекет, точно знаете што да направите со него. Тоа е како свирење на пијано или играње на Лионел Меси со топката. Тенисерот ја удира топката и таа паѓа на линијата, тој се обидува да ја прати таму. Многумина ќе речат дека ова е само среќа, но за најдобрите тенисери во светот, ова не е случајно. Брендовите произведуваат нови технологии, доаѓаат со нови дизајни, но повеќето тенисери се против промени, вели Бекер во изјавата за „Тенис Ворлд САД“.

50-годишниот Германец своевремено беше најдобар тенисер на светот. Има освоено многу трофеи, шест се од Грен слем турнирите.

Во периодот 2013-2016 му беше тренер на Новак Ѓоковиќ.

Во 2018 година легендарниот тенисер прогласи банкрот, по што се одлучи на продажба на трофеите и недвижен имот.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“