Македонскиот фудбалски репрезентативец Егзон Бејтулаи денес ги сподели своите очекувањата за настапот на Европско првенство кое ќе биде дебитантско за „црвено-жолтите“.
– Се чувствувам одлично што сум дел од оваа репрезентација која направи историски успех. Со нетрпение го очекувам почетокот на првенството. Се надевам дека во Букурешт ќе се претставиме во одлично светло и ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи. Секогаш давав се од себе, во младата репрезентација на Македонија до 21 година и во А репрезентацијата. Треба подеднакво добро да напаѓаме и да се браниме. Имаме одличен тим, подготвени сме за Евро 2020.
Во Ц-групата покрај македонската ќе играат и селекциите на Австрија, Холандија и Украина.