Батлер на сослушување во Цирих

Од:

Долгогодишниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер, кој е суспендиран поради корупција, денеска беше на сослушување во седиштето на организацијата, за жалбата која ја поднесе до Етичкиот комитет.

Блатер беше дочекан од голем број новинари, исто како вчера кога Мишел Платини се појави да даде исказ.

Се уште актуелните први луѓе на ФИФА и УЕФА беа суспендирани осум години поради корупциски скандал, односно исплатата од страна на Блатер кон Платини на два милиони франци за советодавни улоги во периодот од 1999 до 2002 година, без притоа да биде потпишан договор.

Двајцата очекуваат нивните жалби да бидат одбиени од Етичкиот комитет, по што, најавија барање правда кај Арбитражниот суд во Лозана.

Одлуките по жалбите на Блатер и Платини се очекуваат кон крајот на неделава.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи