Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, рече дека клубот треба да биде подготвен за фактот дека Лионел Меси еден ден ќа ја заврши кариерата.
„Еден ден Меси ќе каже доста е. Ние мора да го подготвиме клубот за иднината. Треба да привлекуваме извонредни млади играчи, бидејќи сакаме да ја продолжиме ерата на успех. Ова е наша одговорност. Мојот мандат ќе заврши за две години. И тогаш, кога ќе го напуштам своето место, ќе морам да му кажам на новиот претседател: Ова е наша гаранција”, изјави Бартоему.
Сегашниот договор на Меси со Барселона истекува летото 2021 година. Оваа сезона, тој одигра 28 натпревари на кои постигна 29 гола и оствари 17 асистенции.