Барти со својот прв Гренд слем влезе во историјата

Од:

Австралијката Ешли Барти е победничка на годинешното отворено француско првенство Ролан Гарос.

Осмата носителка на финалето ја порази чешката тенисерка Маркета Вондрушова со два нула во сетови, односно 6:1 и 6:3 во гемови, со што ја потврди улогата на фаворит.

За Барти ова е прва Гранд слем титула со што се запиша во историјата на овој спорт, а воедно е и прва Австралијка после 46 години што го освоила Ролан Гарос.

„Толку сум горда на себе и мојот тим, ова беа две луди недели. Ова е неверојатно“, порача Барти.

Инаку, Барти е четвртата Австралијка која славела во Париз, покрај петкратната победничка Маргарет Коурт, Лесли Боври и Евон Гулагонг.

Би можело да ве интересира

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ

Зверев го „реши“ Надал во првата рунда

Предраг Петровиќ