Барселона вети соработка по апсењата на „Камп Ноу“

Од:

Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона соопшти денеска дека во целост ќе соработува со истрагата во рамки на која полицијата, претходно во текот на денот, изврши претрес во просториите на „Камп Ноу“ и приведе неколкумина претставници на клубот.

– Барселона понуди целосна соработка на полицијата и судските власти со цел да помогне во утврдување на фактите што се предмет на оваа истрага, соопшти каталонскиот клуб.

Во клупското соопштение се прецизира дека „информациите и документацијата што ги бара полицијата се строго ограничени на фактите што се однесуваат на овој случај“.

Каталонската полиција претходно соопшти дека привела неколку лица по претресот во просториите на Барселона,

Полицискиот портпарол не сакаше да го открие идентитетот на приведените, а локалните медиуми јавија дека меѓу нив е и поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу.

Шпанските медиуми известија дека полициската операција е поврзана со минатогодишната афера „Барсагејт“.

Би можело да ве интересира

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

Лингард сака да игра во Барселона

Трансферите на Кутињо и Гризман во Барселона – најлоши зделки во историјата на фудбалот

Предраг Петровиќ

Алонсо не планира да ја напушти Барселона

„Ел Класико“ во Тексас – Барса го „сомле“ Реал

Меси потпиша за уште пет години во Барселона, за двојно помала плата

Жарко Настоски