Барселона со официјално соопштение за Рабио

Од:

Раководството на Барселона го искористи клупскиот сајт да прошири официјален коментар во врска со гласините за евентуален трансфер на Адриен Рабио од Пари Сен Жермен.

Каталонците истакнуваат дека не прекршиле апсолутно никакви правила и дека во моментов нема договор.

„Фудбалскиот клуб Барселона сака да ги прокоментира објавените во Франција материјали кои се однесуваат на привлекување на играчи од Пари Сен Жермен и сака да изјави дека не се прекршени какви и да е правила. Единствените контакти се одржаа во август и пред една недела. И во двата случаи се дојде до контакт со спортско-техничкото раководство на ПСЖ, за да се соопшто интересот на Барселона кон фудбалерот Адриен Рабио. Барселона секогаш се стреми да работи колку што е можно потранспарентно во односите со ПСЖ и со некој друг клуб. Ние цврсто го негираме постоењето на било каков договор со Рабио“, се вели во соопштението на тимот на „Камп Ноу“.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

Иниеста и официјално се прости од фудбалот

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ