Ракометарите на Барселона ја постигнаа деветтата победа во групата Б од Лигата на шампионите со триумфот на ПИК Сегед со 30:25. Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со шест голови заедно со Тунижанецот Жалуз беа најефикасни.
Со триумфот Барселона е сигурна на првата позиција со два бода повеќе од второпласираниот Киелце. Колдинг пак ја постигна втората победа совладувајќи го Монпеље со 27:26.
Во групата Б Вардар го победи Кристијанштад со 38:36, а Килеце беше подобар од РНЛ со 28:27.
Во групата А Веспрем тешко стигна до победата во дуелот со ППД Загреб – 27:25. На другите дуели: Цеље – Флензбург 26:30, ПСЖ – Бешикташ 40:28 и Кил – Висла 26:24.
Табела група А: Флензбург 20 бодови, ПСЖ 20, Веспрем 19, Кил 13, ППД Загреб 9, Висла 8, Цеље 5, Бешикташ 2.
Табела група Б: Барселона 19, Киелце 17, РНЛ 15, ПИК Сегед 15, Вардар 14, Монпеље 7, Кристијанштад 5, Колдинг 4.