Барселона се заинтересира за Луис Фелипе од Лацио

Од:

За дефанзивецот на Лацио, Луис Фелипе е заинтересирана Барселона. Според „Кориере дело Спорт“, Каталонците внимателно ги гледале настапите на 22-годишниот дефанзивец пред Серија А да биде суспендиран поради ширењето на коронавирусот.

Претставниците на каталонскиот клуб присуствуваа на натпреварите на Лацио со Парма и со Џенова.

Договорот на дефанзивецот важи до 30 јуни 2022 година, а Италијанците имаат намера да ги интензивираат преговорите за негово продолжување. Во моментов, платата на Бразилецот е помала од 1 милион евра.

Евентуален трансфер на Фелипе во претстојниот трансфер прозорец би ја чинел Барселона околу 20 милиони евра.

Оваа сезона Луис Фелипе одигра 19 натпревари во Серија А за Лацио и постигна еден гол.

Би можело да ве интересира

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

Лингард сака да игра во Барселона

Трансферите на Кутињо и Гризман во Барселона – најлоши зделки во историјата на фудбалот

Предраг Петровиќ

Алонсо не планира да ја напушти Барселона

„Ел Класико“ во Тексас – Барса го „сомле“ Реал

Меси потпиша за уште пет години во Барселона, за двојно помала плата

Жарко Настоски