Барселона се откажа од меч во Мајами поради строгите санкции на УЕФА и ФИФА

Од:

Екипата на Барселона се откаже од својата првична намера мечот против Жиро од Ла Лига да го одигра во Мајами, поради сторгите санкции кои клубот би ги добил поради несогласувањето на УЕФА и ФИФА, пишува „АС“.

УЕФА ги предупредила Каталонците дека ризикуваат да бидат исфрлени од евротурнирите на една или две сезони, додека од ФИФА биле подготвени да им забрани на играчите на клубот да играат за националните тимови за истиот временски период.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин неодамна изјави дека никој не се консултирал со него за одигрување на натпреварот во Мајами.

– Во секој случај, потребни се дозволи, кои не биле побарани од федерациите на Шпанија и САД, како и од УЕФА и КОНКАКАФ. Дуелот нема да се игра, рече Чеферин.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

Иниеста и официјално се прости од фудбалот

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ