Ракометарите на Барселона остварија важна победа синоќа на домашен терен против Кил со 26:25 во рамките на дуел од 2.коло од Лигата на шампионите.
Решавачкиот гол го постигна капитенот Виктор Томас на дваесетина секунди пред крајот на асистенција на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров. Кил водеше во поголемиот дел од натпреварот, а Барселона првото водство го имаше во 50.минута. Најефикасен на дуелот беше Домагој Дувњак (Кил) со 7 голови, додека кај Барселона Валеро Ривера постигна 6, а Томас 5 голови. Лазаров дуелот го заврши со два гола, а Борко Ристовски остана на клупата на Барселона бидејќи неговиот колега Гонзало Перез де Варгас беше најдобриот играч на натпреварот.
Македонските екипи на вчерашните дуели остварија победа и пораз. Вардар на домашен терен го совлада Мешков Брест, а Металург загуби на госувањето кај Татран Прешов.
Распоред на натпревари од 2.коло:
А група: Веспрем – Кадетен Шафхаузен 32:28, Барселона – Кил 26:25, Силкеборг – Флензбург (играт денеска), ПСЖ – Висла(играт денеска).
Б група: Вардар – Мешков Брест 31:27, ППД Загреб – ПИК Сегед 24:26, Киелце – Кристијанштад 38:28, РНЛ – Цеље 31:30.
Ц група: Татран Прешов – Металург 27:22, Ла Риоха – Монпеље 31:30, Елверум – Чеховски Медведи (играт денеска).
Д група: Динамо Букурешт – Мотор 35:31, Брага – Холстебро 32:27, Нант – Бешикташ 33:19.