НБА лигашот Оклахома по поразот од Реал Мадрид на натпреварот одигран пред три дена, синоќа забележа тесна победа над Барселона која му пружи силен отпор на фаворитот, а пред крајот промаши шут за победа.
Гостите од САД во неизвесен натпревар победија со 92:89, најмногу по заслуга на Енес Кантер кој реализира 24 поени, додека ѕвездата на тимот Расел Вестбрук постигна 12.
Најефикасен кај каталонскиот тим беше Виктор Клавер со 25 поени, додека Александар Везенков имаше 13 поени, но бугарскиот кошаркар при резултат 90:89 промаши отворен шут за победа на Барселона.