Барселона исклучи враќање на Нејмар летово

Од:

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар, нема да се врати во Барселона за време на летниот преоден рок, објави „Радио Каталонија“.

Шпанскиот гигант ја отфрли можноста за трансфер на Бразилецот во текот на летото поради финансиската криза предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Главна мета за Каталонците останува напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Нејмар се пресели во ПСЖ летото 2017 година од Барселона за 222 милиони евра.

Минатото лето, Бразилецот се обиде да се врати на „Камп Ноу“, но клубовите не успеаја да се договорат за финансиските услови.

Договорот на Нејмар со францускиот шампион е до 30 јуни 2022 година.

Оваа сезона тој му помогна на ПСЖ на 22 натпревари од сите турнири, постигнувајќи 18 голови и асистираше за 10.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Прв гол на Нејмар по враќањето во Сантос

А1он

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка