Барса сака 10 милиони евра за Ракитиќ

Од:

Раководството на Барселона се согласи да го продаде играчот од средниот ред Иван Ракитиќ на Севиља, пренесува „Мундо Депортиво“.

Според изворот, каталонскиот клуб сака да добие 10 милиони евра за 32-годишниот Хрват.

Самиот фудбалер сака да ја заврши кариерата во тимот од Андалузија, каде играше од 2011 до 2014 година.

Во сезоната 2019/20, Ракитиќ забележа 41 натпревар за Барселона, постигнувајќи 1 гол и оствари 4 асистенции.

Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 20 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

Лингард сака да игра во Барселона

Трансферите на Кутињо и Гризман во Барселона – најлоши зделки во историјата на фудбалот

Предраг Петровиќ

Алонсо не планира да ја напушти Барселона

„Ел Класико“ во Тексас – Барса го „сомле“ Реал

Меси потпиша за уште пет години во Барселона, за двојно помала плата

Жарко Настоски