Капитенот на Барселона, Лионел Меси нема да биде казнет за отсуство од тренинг. Ова го тврди популарната шпанска програма „Југонес“ на телевизијата „Ел Чирингито“.
На „Камп ноу“ се во исчекување на судбоносниот состанок помеѓу претседателот Пеп Бартомеу и таткото на Лео, Хорхе Меси, на кој треба да се одлучи прашањето на иднината на Меси во клубот. Аргентинскиот ас минатиот месец, по катастрофалниот пораз од Баерн во Лигата на шампионите со 8:2, објави дека сака да го напушти клубот без обесштетување, но од Барселона велат дека клаузулата на која се повикува Меси е истечена.
Во меѓувреме, камерите на „Југонес“ го фатија Луис Суарез како се упатува кон домот на Лионел Меси. Според медиумите, Уругваецот и Аргентинецот синоќа вечерале заедно и разговарале за својата професионална иднина.
Со доаѓањето на новиот тренер Роналд Куман, и Суарез ќе си оди од Барселона, но нему Куман му се заблагодари за услугите.