Барса и Лидс го договориле трансферот на Рафиња

Од:

Бразилскиот репрезентативец Рафиња е блиску до преселба во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Рафиња ги одби пунудите на Арсенал и Челси, овие клубови понудија 60.000.000 фунти само за да се пресели во Барселона.

Жоан Лапорта ја најде потребната сума за да го активира трансферот на Рафиња на „Ноу Камп“. Станува збор за сума од 72.000.000 евра која ќе му припадне на Лидс. Бразилецот ќе потпише договор до јуни 2027 година, годишно ќе заработува 6.000.000 евра.

Барселона во летниот преоден рок досега ги промовираше Франк Кеси и Андрес Кристенсен, а се обидува да ги донесе Роберт Левандовски и Цезар Аспиликуета.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

УЕФА ја казни Барселона поради нацистички поздрави и расизам

Авион со патници во Барселона е опколен поради радиоактивен куфер

Фудбалскиот клуб Барселона под истрага за „активен поткуп“ на судии

Поништена регистрацијата на Гави, тој може да замине како слободен играч!

Горан Наумовски

Барса со невозможен камбек стигна до победа кај Целје!

За Барса нема ништо спорно во исплатата на шефот на судиите