Барса со невозможен камбек стигна до победа кај Целје!

Од:

Словенечки Целје беше на чекор до својата четврта победа во ЕХФ Лигата на шампиони, најголема досега против моќната Барселона, пред во последните минути од мечот, голманот на каталонскиот клуб, Емил Нилсен да направи неколку клучни одбрани за да помогне Барса да стигне до првото водство во последната минута за 28:27 победа.

Добивај вести на вибер
Целје први дојдоа во водство, и постојано беа подобриот тим, со максимална предност од четири гола, за на три минути пред крајот да биде 27:24 за Целје. Во финишот на мечот падна концентрацијата на Целје, нешто што тим како Барселона веднаш го искористи, и Алеиш Гомез го постигна победничкиот гол, пред Нилсен да го одбрани последниот обид на словенечкиот тим.

Барселона нема пораз оваа сезона во 12 кола, остварувајќи 11 победи и одигрувајќи само едно реми, со што се први фаворити за нова титула во ЛШ.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 12.КОЛО
ГРУПА Б
Целје – Барселона 27:28 (15:12)
Кјелце – Алборг 33:28 (15:15)
Елверум – Нант 36:42 (18:21)

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

УЕФА ја казни Барселона поради нацистички поздрави и расизам

Авион со патници во Барселона е опколен поради радиоактивен куфер

Фудбалскиот клуб Барселона под истрага за „активен поткуп“ на судии

Поништена регистрацијата на Гави, тој може да замине како слободен играч!

Горан Наумовски

За Барса нема ништо спорно во исплатата на шефот на судиите

Кеси дојде бесплатно во Барса, ќе ја напушти за 13 милиони евра