Баркли: Меџик и Бирд се двете најважни личности во историјата на НБА

Од:

Легендарниот НБА кошаркар Чарлс Баркли изјави дека Меџик Џонсон и Лaри Бирд го сменија текот на лигата кога се појавија во 1979 година.

– Меџик Џонсон и Лери Бирд се двајцата најважни луѓе во историјата на НБА. Да не беа овие момци, НБА немаше да биде она што е денес, изјави Баркли.

Тој не го заборави ниту Мајкл Џордан.

– Секако, Мајкл ја подигна лигата на следното ниво, но јас сум доволно стар за да се сетам на времетп пред Меџик и Лери да дојдат во НБА. Лигата беше премногу црна, имаше премногу наркотици, не беше профитабилна. Значи, кога станува збор за тоа кој ја создал лигата, тоа беа Лари Бирд и Меџик Џонсон. И, сакав да направам нешто специјално за Меџик затоа што она што тој и Лари го направија за лигата е без зборови. Ви благодарам, не е доволно. Ги сакам и Леброн, Коби, Тим Данкан, Патрик Јуинг и сите други момци, но двете најважни личности се Меџик и Бирд, потенцира уште еднаш Баркли во ТВ шоуто на Џими Кимел.

Меџик Џонсон е легендарен играч на Лос Анџелес лејкерс од 80-те, додека Лари Бирд е негов современик и „икона“ на Бостон селтикс.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он