Банда ограби познат голман: Донарума и неговата сопруга беа мета на крадци

Од:

Еден од најдобрите светски голмани Џанлуиџи Донарума и неговата сопруга беа мета на провалници кои од нивниот дом во Париз украдоа пари и предмети вредни 500.000 евра.

Светските медиуми јавуваат дека неколку напаѓачи упаднале во нивната куќа во центарот на Париз.

„Отворена е истрага поради вооружен грабеж организиран од банда и сериозно насилство, по настаните што се случија во текот на ноќта во куќата на Донарума“, изјави портпаролот на париското обвинителство.

Според извештаите од Франција, голманот е полесно повреден, додека неговата сопруга Алесија Елефанте е неповредена.

Непотврдени информации велат дека е украдена стока вредна половина милион евра.

Донарума стана жител на Париз во 2021 година откако се пресели од Милан во Пари Сен Жермен.

Би можело да ве интересира

Роберто Баџо претепан и ограбен во својата вила додека гледал фудбалски натпревар

Горан Наумовски

Истепан и ограбен малолетник во Аеродром

Дејан Милиќевиќ за грабeжот во Македонија: „За 40 минути ми го испразнија станот, не ми оставија ни гаќи“

(ВИДЕО) Фудбалер на албанскиот клуб Игнатија почина на терен

Горан Наумовски

Издаден налог за апсење на познат фудбалер

Предраг Петровиќ

Фудбалер на Ница се заканува дека ќе скокне од мост