Баерн се обидува да го врати Сане во Бундеслигата

Од:

Весникот „Дејли Рекорд“ денеска излезе со информација дека Баерн Минхен започнал разговори со Манчестер Сити за можноста Лерој Сане да се врати во Германија.

Баварците имаа желба да го земат Сане уште во 2016 година кога играше за Шалке. Тогаш идејата беше да се привлече и да одигра уште една сезона на изнајмување во „кралскосините“.

Во истата година, сепак, Пеп Гвардиола ги напушти Баварците и Сане сакаше да му се придружи во Манчестер.

Неговиот сегашен договор со „граѓаните“ е до 2021 година, па Баерн ќе мора да понуди над 100 милиони евра ако сака да го привлече.

Интересно е што „граѓаните“ сакаат да го продолжат договорот со крилото, но тој самиот одбива да одржи такви разговори.

Во оваа сезона, Сане има 31 лигашки натпревари, од кои во 21 излегол како стартер.

Би можело да ве интересира

Борусија со моќен старт на сезоната во Бундеслигата

Клоп и Меси прогласени за најдобри од Бундеслигата

Татјана Ташкова

Ковач: Заостанувавме со 9 поени, а сега е време за решителен чекор кон титулата

Татјана Ташкова

Гласнер нов тренер на Волфсбург

Рекордни 25 камери и дрон ќе го снимаат „Дер Класикер“ за 205 држави

Татјана Ташкова

Баерн се врати на чело на Бундеслигата