Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Лирој Сане веќе постигнал договор со Баерн (Минхен), пренесува германски „Билд“.
Надоместокот за трансферот ќе изнесува околу 50 милиони евра, а фудбалерот ќе потпише петгодишен договор, според извештајот.
Дваесет и четири-годишниот Германец претрпе тешка повреда во првиот натпревар од тековната сезона во Англија. Ова се случи на натпреварот за Суперкупот против Ливерпул.
Сане се врати на теренот во продолжението од сезоната 2019-2020, на средбата со Барнли на 22 јуни.