Бадел домаќин на актуелниот шампион Радивој Кораќ

Од:

Кошаркарките на Бадел денеска го играат својот седми натпревар во дебитантската сезона во женската Јадранска Лига. Вечерва од 19 часот во малата сала на СРЦ „Кале“, гостува актуелниот шампион во лигата Радивој Кораќ.

Гостинската екипа во овој дуел влегува со изразита фаворитска улога, но и покрај тоа „баделки“ ветуваат максимална игра и уште подобар настап во однос на претходните натпревари.

– Имавме особено напорна мината недела каде за два дена одигравме два тешки натпревари на гости и минавме преку 2.000 километри. Ни се отвори добра шанса да победиме против Трешњевка и тоа беше практично наша прва таква шанса сезонава, но иако во последните две минути од натпреварот влеговме со водство, недостатокот на искуство и самодоверба во завршницата значеше тесен пораз. Се забележа мал психички пад во екипата, но во меѓувреме работевме доста напорно во Скопје и можам да кажам дека самодовербата и желбата за напредок повторно ќе бидат на високо ниво, вели Перо Стамески, тренерот на Бадел.

Во првата меѓусебна средба на Бадел и Радивој Кораќ сезонава која се играше во Белград, домаќинот победи со 67:55.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он