Азаренка триумфираше на турнирот во Мајами

Од:

Тенисерката од Белорусија Викторија Азаренка триумфираше на турнирот во Мајами откако во финалето синоќа ја совлада Светлана Кузњецова од Русија со 2:0 во сетови. Мечот траеше 78 минути, а Азаренка сетовите ги доби со 6:3 и 6:2 во гемови.

Ова за неа беше 20.та титула во кариерата или трета оваа година по турнирите во Бризбејн и во Индијан Велс.

Воедно таа е само трета тенисерка што во иста година успеала да победи во Индијан Велс и Мајами. Претходно тоа го направија Штефи Граф во 1994 и 1996 година и Ким Клистрес во 2005 година.

Азаренка во 2016 година има само еден пораз во четвртфиналето на Австралија опен од Анџелика Кербер, која потоа го освои Грен слем турнирот.

Вечерва во машкото финале на турнирот ќе играат Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ