Автомобилот од филмот на Ленон за „Imagine“ не најде купувач

Од:

Автомобилот „Austin Princess“ од 1956 година кој стана познат откако се појави во клипот на фронтменот на легендарните The Beatles, Џон Леноно за хитот „Imagine“, не најде купувач на наддавањето на Sotheby’s во Лондон, соопшти директорот за маркетинг на аукциската куќа Питер Хејнс.

Аукциската куќа претходно објави дека се очекува дека автомобилот ќе достигне цена меѓу 185 и 260 илјади фунти.

„Максималната понуда на денешното тргување изнесуваше 135 илјади фунти, но тоа не беше доволно за продажба. Така, за жал, автомобилот не беше продаден“, изјавил во средата вечерта Хејнс.

Заедно со автомобилот беше понуден и оригиналниот сертификат за регистрација, потпишан од легендарниот музичар, кога го купил возилото во август 1971 година. Во потписот стои „Џон Оно Ленон“.

Веќе во 1972 година Ленон решил да го продаде автомобилот, во кој непосредно претходно вградил пет авионски седишта.

Од тогаш овој „Austin Princess“ сменил неколку сопственици. На наддавањето на RM Sotheby’s, автомобилот го понуди Музејот на автомобилот на рокенролот од Остин, чиишто работници го сочувале овој раритет во идеална состојба и тој е сосема исправен.

Целиот приход од продажбата на автомобилот на Ленон, музејот вети дека ќе биде наменет за Фондацијата за помош на децата при ОН – УНИЦЕФ.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ