Автомобилите на „Мерцедес“ меѓу себе ќе комуницираат со системот „Car-to-Х

Од:

„Мерцедес“ планира до крајот на годината на своите купувачи да им понуди „Car-to-X“ технологија, што ќе овозможи комуникација, односно размена на информации меѓу возилата на овој производител.

Во „Мерцедес“ наведуваат дека на овој начин возачите правовремено ќе добиваат информации битни за возењето, како што е информацијата за потенцијална опасноста или ненадеен застој на патот по кој автомобилот се движи.

На овој начин, на пример, доколку возилото што е опремено со системот „Car-to-X“ учествовало во некоја сообраќајна несреќа заради која на патот дошло до застој, сите возачи чии возила, исто така, го имаат овој систем, а се наоѓаат во близина, навремено ќе бидат информирани како да ја избегнат коловозната лента на автопатот во која е настанат прекинот или да изберат некој алтернативен правац.

Системот, исто така, ќе овозможува возачите да добијат прецизни информации за состојбата на патиштата во подрачјето по кое се движат, евентуалните метежи во сообраќајот и алтернативните рути.

„Car-to-X“ технологијата ќе биде понудена во рамки на „Drive Kit Plus“ пакетот што од корисникот бара да има смартфон и „Digital DriveSтyle“ апликација.

Иако во „Мерцедес“ признаваат дека ова решение не е совршено, во компанијата сметат дека тоа во моментов е најбрзиот начин во нивните автомобили да се понудат најновите технолошки решенија во оваа област.

„Car-to-X“ е деј од стратегијата на „Мерцедес“ за развој на идните безбедносни и други автомобилски системи под заеднички назив „Inteligent Drive“, чија цел е зголемување на општата безбедност во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска