Автомобил „Триумф“ од 1961 година се продава со поминати само 33 километри

Од:

Автомобил произведен во далечната 1961 година, од некогаш угледната британска марка „Триумф-Хералд“ се продава на аукција, со поминати само 33 километри.

Возилото пред 52 години било испорачано од производителот, до домот на купувачот со камион за што сопственикот на „Триумфот“ платил тогашни 15 фунти. Тоа заначи дека сите 33 километри што автомобилот ги поминал за повеке од половина век, ги направил неговиот сопственик.

Човекот чиј идентитет не се открива, починал минатата година, па неговите блиски кои го наследиле старо-новиот автомобил не знаеле што да прават со него, па му го продале на еден дилер за возила. Кога тој го прегледал возилото утврдил дека станува збор за добро сочуван „Триумф“ какви сега нема на пазарот, па решил автомобилот да го сочува за себе, како главен експонат во колекцијата на олдтајмери.

Сега меѓутоа тој решил да го понуди на аукција. Британски експерти за стари автомобили очекуваат возлото што практично не било возено половина век, да добие цена меѓу 12 и 15 илјади фунти.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on