Австријката Фенингер победничка на денешната велеслаломска трка во Марибор

Од:

Австриската скијачка Ана Фенингер е победничка на денешната велеслаломска трка што се возеше во Марибор, Словенија. Таа на целта стиган со вкупно време 2:24.50 минути.

Фенингер до победата дојде со одлично возење во последната третина од втората трка кога успеа да надополни половина секунда во однос на второпласираната Викторија Ребенсбург од Германија која заостана само четири стотинки.

На подиумот место имаше и за третопласираната Тина Вајратер од Лихтенштајн која беше 30 стотинки побавна зад победничката.

Пласман во велеслалом Светски куп: Фенингер 342 бода, Ева-Марија Брем (Австрија) 296, Микаела Шифрин (САД) 271.

Во Генералниот пласман води Тина Мазе (Словенија) со 985 бода, пред Фенингер која собра 901, следуваат Американките Микаела Шифрин – 650 и Линдзи Вон 646,…

Утре во Марибор ќе се вози женскиот слалом.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ