Австрија противник на македонските оедбојкари во Европската лига

Од:

Репрезентацијата на Австрија ќе биде противник на македонската одбојкарска репрезенцаија во полуфиналето на Европската лига.

Ова е исходот по вчера одиграниот меч од групата Б во кој Австрија загуби од Естонија во неизвесен дуел со 3:2 по сетови 25-14, 25-22, 23-25 и 34-32, по кој Австријците завршија како второплсирани во оваа група.

Па така Македонските одбојкари, кои групната фаза ја завршија со максимален учинок од шест победи во исто толку одиграни натпревари, и го освојија првото место во А групата, во полуфиналето на завршниот фајнал-фор турнир кој ќе се одржи во Варна, Бугарија, за противник ќе ја имаат селекијата на Австрија.

Македонија веќе има искуство со Австрија од неодамна и тоа позитивно, кога во првата сезона за нас во Европската лига во 2014 година, како гости на два наврати ги совладавме Австријците со 3-1 во сетови.

Полуфиналните натпревари на завршниот турнир ќе се играат на 1 јули, додека финалето и мечот за трето место ќе се играат ден подоцна. Во второто полуфинале ќе играат домаќинот Бугарија и репрезентацијата на Естонија.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ