Австриецот Ханс Рајхелт победник на супервелеслаломот во Аспен

Од:

Австрискиот скијач Ханс Рајхелт победи на денешената трка во супервелеслалом во американскиот ски центар Аспен. Тој патеката ја мина за 1:08:22 минута и за 11 стотинки беше побрз од Доминик Парис од Италија, додека место на подиумот избори и Мауро Кавецел од Швајцарија, кој имаше заостанување од 33 стотинки зад победникот.

Рајхелт со денешниот триумф се проби на второто место во пласманот за „суперџи“ со 303 бодови, зад освојувачот на малиот кристале глобус Кјетил Јансруд од Норвешка, кој освои 394 бодови.

Во генералниот пласман води Марсел Хиршер од Австрија со 1.449 бодови, додека второпласираниот Јансруд има 924.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска